Достапни линкови

Самит на Арапската лига - Израелски тенкови во Газа


Во Либија денеска започнува дводневен самит на Арапската лига со фокус врз замрзнатиот израелско -палестински мировен дијалог. Во пресрет на самитот, Преседавачот на Арапската лига Амр Муса изјави дека Израел мора да се откаже од плановите за изградба на 1.600 нови еврејски домови во окупираниот Источен Ерусалим пред да започнат индиректни разговори со Палестинците. Израел ова го отфрли, а во меѓувреме, израелските тенкови напредуваа во Појасот Газа по судирите со палестинците во кои загинаа најмалку две лица.
XS
SM
MD
LG