Достапни линкови

Заврши самитот на ЕУ во Брисел


Лидерите на Европската унија на крајот од нивниот дводневен самит во Брисел ја усвоија стратегијата Европа 2020 чија цел е со големи инвестиции во високата и еколошка технологија да се оствари економски раст од два насто годишно и да се зголеми вработеноста. Унијата, како што се наведува ќе обезбеди краткорочна помош од над два ипол милијарди евра за сиромашните земји со цел да се намали емисијата на штетни гасови во атмосферата. Францускиот претседател Никола Саркози соопшти дека Унијата ја поддржува и идејата за посебни давачки на увозот од земји кои не ги почитуваат потребните стандарди за заштита на животната средина. Вчера Грција доби ветување за голема финансиска подршка од другите земји кои го користат еврото. Станува збор за заеднички договор со Меѓународниот Монетарен Фонд кој има за цел да ја запре финансиската криза во Грција.
XS
SM
MD
LG