Достапни линкови

СБ ги пофали македонските макроекономски резултати


Макроекономските политики кои ги спроведуваше Македонија и помогнаа на земјата да ја надмине кризата подобро од најголем број останати земји. Намалувањето на БДП во 2009 година и буџетскиот дефицит беа скромни, а на скромно ниво беа и јавниот и надворешниот долг, оцени денеска постојаниот претставник на Светската банка во Македонија Маркус Репник. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески нема да има отстапување од планираниот буџетски дефицит за годинава.
XS
SM
MD
LG