Достапни линкови

logo-print

Нови мировници на АРМ заминуваат за Авганистан


Денеска во касарната Илинден во Скопје свечено беше испратен контингентот на АРМ кој како дел од наменските сили ФЕНИКС ќе извршува задачи во рамки тена мисијата ИСАФ во Авганистан. На испраќањето присуствуваа претседателот и врховен командант на вооружените сили на Македонија Ѓорге Иванов, министерот за одбрана Зоран Коњановски, началникот на ГШ на АРМ Мирослав Сотјановски, амбасадорот на САД Филип Рикер и акредитираните воени аташеа во земјава. Претседателот Иванов, меѓу другото, изјави дека Македонија останува посветена на преземените обврски и задачи и изрази увереност дека врвните стандарди и постигнувања ќе бидат крунисани со полноправно членство на Македонија во НАТО и во ЕУ. Амбасадорот Рикер пред мировниците го прочита писмото кое претседателот Барак Обама по овој повод го испратил до Иванов, а во кое изразува благодарност за дополнителниот број војници и обучувачи кои Македонија планира да ги испрати во Авганистан.
XS
SM
MD
LG