Достапни линкови

Обама и Медведев денеска на телефон за новиот СТАРТ


Американскиот претседател Барак Обама денеска по телефон ќе разговара со неговиот руски колега Дмитриј Медведев околу финализирањето на новиот договор за намалување на нуклеарното оружје. Неофицијално, потоа би требало да следува објавувањето на постигнатата согласност околу новиот договор. Според чешките медиуми, Обама и Медведев би требало да го потпишат договорот на 8-ми април во Прага.
XS
SM
MD
LG