Достапни линкови

Расмусен - приоритет на НАТО анти-ракетната одбрана


Шефот на НАТО Андерс Фог Расмусен ќе се заложи приоритет на Алијансата да биде анти-ракетната одбрана и притоа да биде искористена секоја можност за соработка со Русија. Според текстот од говорот на Расмунсен за утрешната НАТО конференција во Брисел, кој денеска бил доставен до медиумите, тој оценува дека постои реална и растечка закана од оружјето за масовно уништување, додавајки дека доколку Техеран го комплетира развојот на проектили од среден и долг дострел, тоа ќе биде закана за цела Европа, вклучувајки ја и Русија.
XS
SM
MD
LG