Достапни линкови

Односите Македонија – Турција за пример


Министрите за надворешни работи на Македонија и на Турција Антонио Милошоски и Ахмет Давутоглу

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Турција Антонио Милошоски и Ахмет Давутоглу

Односите меѓу Македонија и Турција се пример дека две држави може да соработуваат, не само заради доброто на двете земји, туку и поради постигнување на регионален просперитет, рекоа министрите за надворешни работи на Македонија и на Турција Антонио Милошоски и Ахмет Давутоглу, по денешната средба во Скопје.

Министерот Милошоски рече дека Македонија и Турција имаат слични или исти позиции во однос на најважните прашања кои ја засегаат југоисточна Европа.
Нашите определби и цели се поврзани со регионалната стабилност, заемното почитување, интегритетот на државите, и напредокот кон членството во ЕУ и НАТО. Високо го цениме придонесот што го дава Република Турција со својата проактивност во однос на стабилноста на регионот и во однос на економската динамика во ЈИЕ


„Нашите определби и цели се поврзани со регионалната стабилност, заемното почитување, интегритетот на државите, и напредокот кон членството во ЕУ и НАТО. Високо го цениме придонесот што го дава Република Турција со својата проактивност во однос на стабилноста на регионот и во однос на економската динамика во ЈИЕ.“

Шефот на турската дипломатија најави дека двете земји ќе ја интензивираат соработката во областа на културата, образованието и особено во економскиот дел. Надворешната трговска размена меѓу двете земји се движи околу 320 милиони долари, а во моментов е надмината бројката од 500 милиони долари турски инвестиции во Македонија, вели Давутоглу.

„Ние ќе ги повикаме нашите турски инвеститори да се зголемат овие турски инвестиции во Македонија и ќе ја дадеме сета наша поддршка во тој правец.“

Тој оцени дека турската заедница во Македонија е мост за соработка меѓу двете земји. Давутоглу вели дека
Каде и да сте во амбасадите на Република Турција, за граѓаните на Република Македонија ќе бидат како нивни куќи и ќе може да се обратат за секаква помош. На тоа поле, не признаваме никакви граници на соработка.
почестите средби меѓу претставници на двете земји може да бидат од корист и најави помош и конзуларните работи.

„Каде и да сте во амбасадите на Република Турција, за граѓаните на Република Македонија ќе бидат како нивни куќи и ќе може да се обратат за секаква помош. На тоа поле, не признаваме никакви граници на соработка.“

Турција е првата земја што ја призна независтноста на Македонија и е единствена држава која го употребува уставното име на земјава во мултилатералната комуникација.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG