Достапни линкови

Светските споменици утре без осветлување


Пирамидите во Египет, Ајфеловата кула во Париз, Забранетиот град во Пекинг се дел од спомениците кои утре нема да бидат осветелени. Организаторите на ,,Часот на Земјата,, изјавија дека утре очекуваат најголемо симболично исклучување на електричната енерегија од почетокот на оваа манифестација. Таа стартуваше пред три години во Сиднеј кога повеќе од два милиона луѓе ги исклучија светилките во нивните домови и канцеларии како придонес во борбата против загадувањето на Планетата.
XS
SM
MD
LG