Достапни линкови

Во Ирак ќе бидат објавени изборните резултати


Ирачката изборна комисија соопшти дека денеска ќе ги објави целосните резултати од парламентарните избори одржани на 7 март. До ова доаѓа и покрај повиците на министерот за внатрешни работи Џавад ал Болани за одложувањето на објавувањето на резултатите, страхувајќи за безбедноста на земјата. Првичните резултати покажуваат дека блокот на премиерот Нури ал Малики, тесно води пред коалицијата на поранешниот премиер Ајад Алави.
XS
SM
MD
LG