Достапни линкови

На 30 март „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“


Под слоганот „Растеме заедно“ на 30 март ќе се оддржи петата акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина!“, со која е предвидено во Македонија да се засадат 7 ипол милиони дрвца. Во досегашните четири акции беа засадени околу осум илјади хектари со 20 милиони садници. Министерство за труд и социјална политика денеска соопшти дека заради поголема масовност на акцијата Владата решила 30 март да биде неработен ден. Тој ден ќе се одработи во сабота на 17 април.
XS
SM
MD
LG