Достапни линкови

Северна Кореја се заканува со нуклеарни напади


Северна Кореја денеска се закани со нуклеарни удари врз Јужна Кореја и Соединетите Држави, обвинувајќи дека се обидуваат да го урнат комунистичкиот режим во земјата. Во изјавата на еден претставник на генералштабот, објавена од официјалната корејска новинска агенција, се наведува дека сите кои директно или индиректно се вклучени во таквата намера ќе бидат жртви на нуклеарни напади без преседан. Соединетите Држави, Јужна Кореја, Кина, Јапонија и Русија бараат враќање на Северна Кореја на шестпартитните разговори за денуклеаризација на Северна Кореа, прекинати минатата година.
XS
SM
MD
LG