Достапни линкови

20 години затвор за крадење броеви од кредитни карти


Дваесет и осум годишниот американец Алберт Гонзалес е осуден на 20 години затвор затоа што помогнал во крадење на десетици милиони броеви од кредитни картички. Се верува дека станува збор за најголемата компјутерска кражба во американската историја вредна над 200 милиони долари. Обвинителите сметаат дека Гонзалес бил лидер на групата во која биле вклучени и луѓе од Украина и Русија. Гонзалес кој го признал делото изјави дека тој лично украл само околу 3 милиони долари.
XS
SM
MD
LG