Достапни линкови

Шефот на турската дипломатија на средби со државниот врв


Министерот за надворешни работи на Република Турција Ахмед Давутоглу ја продолжува посетата на на Македонија со средба со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, а ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов, од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и од премиерот Никола Груевски. Предвидено е министерот Давутоглу да се сретне и со претставници на Парламентарната група за пријателство меѓу Македонија и Турција. На средбите се очекува да бидат разменети мислења за низа значајни прашања, особено во поглед на унапредување и продлабочување на билатералната соработка, за процесите на евроинтеграција на двете земји, како и за актуелни регионални теми.
XS
SM
MD
LG