Достапни линкови

logo-print

Тим од НАТО ја продолжува ревизиската посета на Македонија


Тимот на НАТО, предводен од Роберт Симонс, заменик на помошникот на генералниот секретар на НАТО за безбедносна соработка и партнерство ја продолжува посетата на Македонија со средба со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Симонс е дел од делегацијата на НАТО што деновиве престојува во Македонија, во редовна ревизиска посета. Политиката во Македонија, соработката во Собранието, спорот за името со Грција, спроведувањето на Рамковниот договор, се темите за кои преставниците на НАТО разговараат со домашните политичари.
XS
SM
MD
LG