Достапни линкови

Договорен планот за финансиска помош на Грција


Земјите членки на евро зоната на синоќешниот вонреден состанок во Брисел постигнаа договор за планот за финансиска помош на Грција. Планот се состои во комбинација на кредити кои на Грција ќе и ги дадат одделни земји од евро зоната и Меѓународниот монетарен фонд. Планот беше овозможен вчера попладне кога за него се согласија двете најголеми земји на евро зоната- Франција, која поддржуваше помош за Грција и Германија која до тогаш беше против.
XS
SM
MD
LG