Достапни линкови

logo-print

Симонс – Поканата за НАТО чека на решение на името


Знамето на НАТО

Знамето на НАТО

Македонија ги споведува реформите и штом ќе го реши спорот за името со Грција ќе стане членка на НАТО, изјави денеска Роберт Симонс заменик помошникот на генералниот секретар на Алијансата, задолжен за безбедносна соработка и партнерство. Симонс е дел од делегацијата на НАТО што деновиве претстојува во Македонија, во редовна ревизиска посета.

Македонија ги споведува реформите и штом ќе го реши спорот за името со Грција ќе стане членка на НАТО, изјави денеска заменик помошникот на генералниот секретар, задолжен за безбедносна соработка и партнерство, Роберт Симонс. Симонс е дел од делегацијата на Алијансата која деновиве е во посета на земјата, во рамки на редовните мартовски ревизии кои служат за подготвување на годишниот извештај за напредокот на Македонија кон НАТО. Симонс изјави дека за една година колку што не бил во земјата, Македонија направила голем напредок во спроведување на реформите и покрај неповолните резултати по средбата во Букурешт. Симонс уште еднаш потсети на условот за членство во НАТО, а тоа е решението на спорот за името.
И покрај тоа што би рекол дека одлуката во Букурешт, беше една тешка одлука за вас, во исто време таа носеше едно ветување дека по продолжувањето на реформскиот процес што вие од ваша страна го извршивте


,,И покрај тоа што би рекол дека одлуката во Букурешт, беше една тешка одлука за вас, во исто време таа носеше едно ветување дека по продолжувањето на реформскиот процес што вие од ваша страна го извршивте и штом се реши прашањето во однос на името, поканата ќе биде упатена до Република Македонија, таа не е изоставена и ќе биде упатена.“

изјави Роберт Симонс. Тој додаде дека НАТО не се директно инволвирани во процесот за решавање на името, но дека го следат. И порача да се искористи престојниот период и да се најде решение за спорот. Симонс се сретна со министерот за одбрана Зоран Коњановски. Министерот Коњановски изјави дека по случувањата во Букурешт не било лесно да се продолжи со реформите.

,,Беше многу тешко по Букурешт и во услови кога очекувавме принципелна одлука од страна на НАТО, да продолжиме и да го задржиме и да го зајакнеме темпото на реформите во Македонија, тоа го направивме и ќе продолжиме да го правиме.“

Претставникот на НАТО уште еднаш се заблагодари за придонесот што Македонија го дава за стабилноста во регионот и за учеството во мировните мисии во странство.
Инспекцискиот тим на НАТО кој е во земјата деновите, имаше средби и со пратеници и со вицепремиерот за рамковниот договор.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG