Достапни линкови

logo-print

Шпанија и Грција барат евтини кредити


Шпанија и Грција се спротивставија на ставот на Германија, Тие бараат од претставниците на Европската унија да го користат веќе постоечкиот фонд од 50 милијарди евра за извлекување од криза. Со тој фонд ќе може да им се овозможи на Грција и на другите земји кои имаат должнички проблеми да добијат ефтини кредити.
Германската канцеларка Ангела Меркел, изјави дека Mеѓународниот монетарен фонд мора да се вклучи во давањето на каква било помош за Грција, но само како последна можна мерка.
Грчкиот премиер Јоргос Папандреу изјави дека предлогот да се прошири веќе постоечкиот фонд кој е наменет за земји кои не се во еврозоната е „ јасно и едноставно решение“, односно тој фонд го користат земји кои се уште не го усвоиле еврото како национална валута. Шпанија и Грција во основа сакат измени со кои тој фонд ќе може да го користат сите земји од Европската Унија.
XS
SM
MD
LG