Достапни линкови

Дневен печат – Излеговме од рецесија, влеговме во була


Македонски весници

Македонски весници

Сите медиуми ја објавија бомбастичната вест дека Македонија излегла од рецесија, што ја објави министерот Ставрески.. Утрински со наслов „Излеговме од рецесија, но далеку е од економска пролет“, a Дневник ја пренесува веста под наслов „Излеговме од рецесија, влеговме во була“.

Сите медиуми ја објавија бомбастичната вест дека Македонија излегла од рецесија, што ја објави министерот Ставрески на вообичаената групна прес-конференција во Владата: Утрински со наслов „Излеговме од рецесија, но далеку е од економска пролет“ што го извлекува од мислењата на консултираните експерти, објавувајќи го и тоа дека опозицијата се сомнева во веродостојноста на статистичките податоци. Дневник со наслов „Излеговме од рецесија, влеговме во була“ објавувајќи паралелно дека потрошувачката на македонските домаќинства во последното тримесечје лани бележи пад од 2,1 процент во споредба со истиот периот во 2008-та, Вечер со наднаслов дека „Се остваруваат проекциите на Владата“ и наслов дека „Македонија е со трет најдобар резултат во економијата во Европа“. „Нема рецесија, ама нема ни пари во државната каса“, го насловува Нова Македонија написот на истава тема. Време смета дека во државата расте само, во наводници, „производството“ на санкции и дека мото на Владата било -казнувај,
Зоран Ставревски, министер за финансии
па владеј! Ова поради репресивната казнена политика која од година в година се повеќе се засилува и дополнува, па се создава психоза на страв и немоќ пред државата, заклучува Време.

Утрински и Дневник критички се осврнуваат на односот на премиерот спрема медиумите, по неговиот последен одговор во парламетот дека не чул за никаква анкета во „некој си весник. Инаку, резултатите од анкетата на весникот Дневник покажаа дека мнозинството од анкетираните граѓани на главниот град се против проектот „Скопје 2014“. Груевски ги потценува сите што не се дел од виртуелната стварност на неговата партија, пишува Утрински. а дека премиерот не бил „од овде“, констатира ,,Дневник.
Истиов весник, во саботата објави критички насочен уводник насловен со „Изгорени од преродбата“, во кој пишува дека офанзивата на Груевски влегува во фаза на кулминација на голема и неповратна етничка, конфесионална, идеолошка, човечка и професионална диференцијација, која нема ништо добро да и донесе на Македонија, освен производство на зла. Од друга страна, Вечер, на насловната објавува дека, цитирам, „Жртвите на транзицијата му дадоа црвен картон на Црвенковски“, кога протестираа пред седиштето на СДСМ во Скопје.

А1 ТВ во средата објави дека за време на престојот на Црвенковски во Штип за малку ќе избиел инцидент од страна на граѓани- противници на неговата политика, за кои и другите електронски медиуми открија дека мнозинството од нив биле членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Речиси сите медиуми објавија дека болниците повторно се до гуша во долгови, како и информацијата на СДСМ дека Владата ги намалила платите во здравството, што министерот Османи го демантира.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG