Достапни линкови

Турција ќе го врати својот амбасадор во Шведска


Турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давитоглу соопшти дека ќе го врати својот амбасадор во Шведска.Турската амбасадорка Зергин Корутурк, неодамна беше повикана да се врати во Анкара истиот ден кога шведскиот Парламент-Риксдаг ја изгласа резолуцијата со која убивањето на Ерменците за време на Првата светска војна се дефинира како геноцид, Давотоглу истакна дека амбасадорката Корутурк ќе се врати на работното место во Стокхолм веќе кон крајот на неделава или најдоцна на почетокот на идната недела.


XS
SM
MD
LG