Достапни линкови

НАТО делегација во Скопје


Политиката во Македонија, соработката во Собранието , спорот за името со Грција, спроведувањето на Рамковниот договор, се темите за кои разговарале преставниците на НАТО и домашните политичари.

Надлежниот офицер за досието на Македонија во НАТО, Стефан Елгерсма и помошникот на генералниот секретар за безбедносна соработка и партнерство, Роберт Симонс, при посетата на земјата, посетуваат институции, имаат средби со министри и пратеници, во
Негова препорака беше дека штом се реши прашањето со името, дека Македонија веќе ќе биде дел од НАТО Алијансата и дека нивната оценка дека ги исполнуваме критериумите да бидеме членка на НАТО сеуште стои.
рамки на нивните редовни мартовски ревизии кои служат за подготвување на годишниот извештај за напредокот на Македонија кон НАТО. Тие денеска имаа средба со кординаторите на пратеничките групи во Собранито. Кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева вели дека на средбата разговарале за работата на Собранието, но и за спорот за името.

„Негова препорака беше дека штом се реши прашањето со името, дека Македонија веќе ќе биде дел од НАТО и дека нивната оценка дека ги исполнуваме критериумите да бидеме членка на НАТО се уште стои.“

Претставниците на НАТО, посетата на земјата ја користат за да видат до каде е спроведувањето на реформите за влез на Македонија во Алијансата. Попладнево Роберт Симонс ќе се сретне со министерот за одбрана Зоран Коњановски и ќе разговараат за реформите во областа на одбраната. При досегашните посети, претставниците на НАТО, изјавија дека се задоволни од придонесот што Македонија го дава со учеството во мировните мисии во странство. Вчера пак Стефан Елгерсма имаше средба со вицепремиерот за рамковен договор, Абдулаќим Адеми. По средбата, Елгерсма изјави дека НАТО со внимание го следи спроведувањето на Охридскиот договор и посочи дека спроведувањето на овој договор има голема важност за земјата.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG