Достапни линкови

Осама Бин Ладен се заканува дека ќе убие Американци


Американците кои се заробени од Ал Каеда ќе бидат убиени доколку се изврши егзекуција на Халед Шеик Мохамед, кој е затворен поради планирање терористички напади врз Соединетите Американски Држави во 2001та.Оваа закана денеска ја емитуваше ТВ станицата Алџезеира.Човекот што ја кажува оваа закана во аудио порака се претставува како Осама Бин Ладен. Мохамед сега е во американски притвор и чека судење за обвинувањата за тероризам. Американската администрацијата се уште дебатира каде да се изврши судскиот процес, пренесуваат новинските агенции.
XS
SM
MD
LG