Достапни линкови

Пари нема, ново задолжување во странство


Рестриктивна монетарна политика + домашно задолжување = недостаток на свеж капитал, зградата на НБМ

Рестриктивна монетарна политика + домашно задолжување = недостаток на свеж капитал, зградата на НБМ

Бизнисмените се жалат дека во стопанството има помалку пари од порано. Владата сака да се задолжи во странство за зголемување на финансиските средства во оптек. Според експертите, клучно е за што ќе се трошат парите. Тие поддржуваат задолжување за капитални инвестиции, а се против задолжување за покривање на тековните расходи и изградба на споменици.

Одлуката на власта да бара пари во странство наместо да се задолжува дома ги смири бизнисмените, но го остави неодговорено прашањето дали пари ќе се зајмат за капитални проекти или за тековни расходи ? Министерот за финансии Зоран Ставрески во
Со цел да се донесат свежи финансиски средства од надвор, бидејќи тоа е значајно за зголемување на вкупниот обем на средства во економијата.
интервју за Радио Слободна Европа посочи дека владата оваа година повеќе ќе се ориентира кон задолжуивање во странство.

„Со цел да се донесат свежи финансиски средства од надвор, бидејќи тоа е значајно за зголемување на вкупниот обем на средства во економијата.“

Од Сојузот на стопански комори велат дека ваквата одлука е поволна за македонскиот приватен сектор. Во македонското стопанство има помалку пари од порано, вели Мирче Чекреџи од Сојузот.

„Има две причини за тоа, една е монетарната политика која е многу рестриктивна, значи таа треба да олабави малку. Второ, е фискалната политика, која беше насочена на домашно позајмување за буџетот.“
Има две причини за тоа, една е монетарната политика која е многу рестриктивна, значи таа треба да олабави малку. Второ, е фискалната политика, која беше насочена на домашно позајмување за буџетот.

Останува отворено прашањето за што ќе се користат парите? Се` додека власта не даде одговор на ова прашање, не може да се каже дека задолжувањето во странство е оправдано или неоправдано, појаснува професорот Ванчо Узунов

„Секое задолжување, дали се задолжува физичко лице во банка или држава, се поставува прашањето – зошто се задолжуваш? Како ќе ги употреби парите? Одговорот на тоа прашање дава одговор за оправданоста на долгот. Ако владата мисли да се задолжи и да покрие тековна потрошувачка, да не речам, за споменици – да не се задолжи. Тогаш не. Ама, ако мисли да финансира капитални проекти кои имаат среднорочно или долгорочно позитивни ефекти врз македонската економија, во тој случај – да треба да се задолжи.“

Најпрактично е кога власта се задолжува онаму каде се нудат најповолни услови. Токму условит
Секое задолжување, дали се задолжува физичко лице во банка или држава, се поставува прашањето – зошто се задолжуваш? Како ќе ги употреби парите?
е за враќање на парите би требало да бидат еден од одлучните критериуми дали владата ќе се задолжи дома или во странство, дополнува Узунов

„Секогаш треба да се избере најповолната калкулација од алтернативите и за што ќе се употребат парите. Врз основа на тие анализи може да се каже дали треба или не треба да се направи ново задожување на владата.“

Инаку во изминатиов период станува се` поизвесно дека Македонија ќе се задолжи со нова еврообврзница. Министерот за финансии изрази надеж дека поради подобрените економски показатели, на земјава ќе и бидат понудени пониски каматни стапки за отплата.
XS
SM
MD
LG