Достапни линкови

Груевски - Папандреу, без големи промени


Денеска нова средба во Брисел - Груевски и Папандреу

Денеска нова средба во Брисел - Груевски и Папандреу

Двајцата премиери на Македонија и Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу денеска во Брисел, разговарале за прашањето за името и за билатерните односи. Средбата се одвивала на маргините на Европскиот Совет што се одржa во Брисел. Позициите, според министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, останале различни во најголем дел

По средбата премиерите Никола Груевски и Јоргос Папандреу не дале изјави за медиумите, јави од Брисел новинскта агенција МИА.
Меѓутоа, според шефот на дипломатијата Антонио Милошоски позициите на Македонија и на Грција за прашањето за името остануваат различни во најголем дел и по денешната средба на премиерите на Македонија и Грција во Брисел. Сепак, според него, добро е што на вакви средби има можност да се дискутира за позициите и за целото прашање.
Тој очекува медијаторот Нимиц во текот на април да закаже нова рунда разговори со претставниците на двете земји на која би можело да се разговара за одредени сугестии, размислувања поврзани со прашањето за македонско-грчкиот спор.
Прашан за коментар на изјавата на заменик шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас дека „Република Северна Македонија“ е можно прифатливо решение, Милошоски вели дека нема некој посебен коментар, но вели „во принцип логично е дека овие разговори би требало да доведат до некои компромисни предлози“
Во меѓувреме пак како што за Радио Слободна Европа ни соопштија од канцеларијата на Медијаторот во спорот за името Метју Нимиц, тој бил во контакт со двете страни за да ги усогласи термините на новите средби, изјавија од канцеларијата на Метју Нимиц. Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски средбите на медијаторот со преговарачите Јолевски и Василакис ги најави за до крајот на месецов. Што се очекува да биде ставено на маса останува неизвесно, иако при последната посета
Сега е времето да го решиме ова за да можеме да напредуваме во можностите што се пред нас. Тоа што двајцата лидери ќе се сретнат и што го користат процесот во Обединетите Нации им дава најдобра шанса да го решат ова
на регионот тој назначи дека сите предлози се веќе дадени и познати, може да стане збор само за нови идеи и насоки, како да дојде до приближување на страните во спорот. Ниту една од страните не навестила отстапување од црвените линии, грчката - име со географска одредница за севкупна употреба и македонската позиција, дека со резолуциите на ОН и времената спогодба разговорите се водат само за име на државата за меѓународна употреба. Дотолку повеќе побудува интерес денешната средба Груевски-Папандреу во Брисел. Во владата информираат дека и денешната средба е во насока на подобрување на односите меѓу двте земји и е дел од напортите во функција на процесот којшто се води во ОН за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за името.

Македонската експертска јавност е воздржана околу резултатите од денешната средба. Од прогнози се воздржа и премиерот пред заминувањето во Брисел. Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Димитрис Друцас пред денешната средба излезе со изјава дека директните контакти меѓу двете страни може да го помогнат процесот.
Грчкиот премиер, пред да ја прифати иницијативата на Груевски, рече дека претходно треба да се направат сериозни подготовки. Шанса за напредок од денешната средба гледаат странските дипломати. Американскиот амбасадор Филип Рикер вчера изјави дека на овој начин гледа на средбата.

„Сега е времето да го решиме ова за да можеме да напредуваме во можностите што се пред нас. Тоа што двајцата лидери ќе се сретнат и што го користат процесот во Обединетите Нации им дава најдобра шанса да го решат ова.“

Премиерот Груевски од вчера престојува во Брисел каде што оствари три средби со највисоките претставници на ЕУ, со претседателот на Европскиот Совет Херман Ван Ромпеј, со еврокомесарот за проширувањето, Штефан Филе и со претседателот на Европскиот парламент, Јержи Бузек. Според информациите, средбите протекле во духот на барањето процесот на изнаоѓање взаемно прифатливо решение да се забрза.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG