Достапни линкови

Во Турција уапсени 46 лица за „местење“ фудбалски натпревари


Турската полиција уапси 46 лица поврзани со скандалот околу местење натпревари ширум Европа, што прв пат ја возбуди спортската јавност пред четири месеци, кога во Германија беа уапсени првите осомничени.
Акцијата е спроведена во соработка со германската полиција која истражува местење на 200 натпревари во 11 земји. Се претпоставува дека измамниците со местење на натпреварите заработиле околу 10 милиони евра.
Сомневањата за наместени натпревари со години наназад го следат турскиот фудбал, но ретко доаѓаше до апсења, пред се, заради непостоење на закон што го регулира ова прашање.
XS
SM
MD
LG