Достапни линкови

Израел со игра со оган, предупреди јорданскиот Крал Абдула


Јорданскиот Крал Абдула изјави дека мирот на Блискиот Исток е на крстопат, поради израелските планови за градба на домови во источен Ерусалим со кои се крши меѓународното право. Кралот Абдула предупреди дека Израел си игра со оган, бидејки на луѓето им е смачено е бескрајниот процес кој не дава резултати. Викендов во Либија ќе биде одржан арапски самит на кој ќе биде решено дали арапските земји ќе ја пролонгираат мировната иницјатива од 2009 година. Според оваа иницјатива се предлага арапските земји да го признаат Израел, кој за возврат би се повлекол од окупираните територии вклучително и источен Ерусалим.
XS
SM
MD
LG