Достапни линкови

ЕУ самит за Грција - еврото на најниско ниво за 10 месеци


Еврото падна на најниско ниво во последниве 10 месеци во однос на американскиот долар поради загриженоста на Европската унија за тоа како да и се помогне на задолжената Грција. Еврото падна за над еден процент во средата, на 1,33, во однос на доларот што е најниско ниво од мај 2009 година.
Лидерите на ЕУ на самитот денеска во Брисел се очекува да се фокусираат на грчката криза односно на финансискиот пакет помош за Грција и варијантите дали Атина треба да побара помош од Меѓународниот монетарен фонд.
XS
SM
MD
LG