Достапни линкови

Законот за здравствени реформи вратен во Конгресот


Пакетот здравствените реформи мора да се врати на повторно одобрување во Конгресот откако беа прифатени забелешките на двајца Републиканци. Портпаролот на Демократите Хари Рид изјави дека тие во законот нашле "две помали и технички регулативи" кои ги кршат буџетските правила. Двете одредби мора да се отстранат од законот. Сенатот потоа ќе мора да го врати законот во Преставничкиот дом пред да биде одобрен од Претседателот Барак Обама.
XS
SM
MD
LG