Достапни линкови

Спогодбата меѓу САД и Русија во април во Прага


Соединетите Американски Држави и Русија се согласија да потпишат нова спогодба за нуклеарно разоружување. Според официјални извори, спогодбата ќе биде потпишана на 8 април годинава во главниот град на Чешка, Прага. Руски официјални извори потврдија дека е постигнат договор. Портпаролот на Белата Куќа Роберт Гибс, од друга страна, изјави дека „некои работи“ за спогодбата допрва треба да се допрецизираат, изразувајќи надеж дека тоа ќе се случи на претседателската среба меѓу Барак Обама и Дмитриј Медведев која би требало да се одржи деновиве.
XS
SM
MD
LG