Достапни линкови

Посетата на Нетанјаху на САД завршува без успех?


Во Вашингтон продолжуваат разговорите меѓу американски и израелски официјални лица. Целта на разговорите е да се надминат проблемите околу израелските планови за градење населби во Источен Ерусалим и да продолжат мировните разговори меѓу Израелците и Палестинците. Според официјални извори, Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се сретнал со специјалниот пратеник на САД за Блискиот исток Џорџ Мичел. Состанокот наводно бил организиран откако разговорите меѓу Нетанјаху и американскиот претседател Барак Обама не дале конкретни резултати. Нетанјаху денеска ја завршува официјалната посета на Соединетите Американски Држави, неофицијално, без постигнат конкретен договор за спорните прашања.
XS
SM
MD
LG