Достапни линкови

НАТО:Русија може да помогне во Авганистан


НАТО соопшти дека Русија може да придонесе за војната во Авганситан преку обука на вработени во агенции за борба против дрога и да обезбеди неколку хеликоптери за авганистанската влада. Потпаролот на Алијансата, Џејмс Апатураи по денешниот состанокот на НАТО и Русија на амбасадорско ниво , изјави дека НАТО ја разбира загриженост на Русија оти а американските безбедносни сили и владата во Кабул не водат доволно активна политика за искоренување на афионот од која се произведува хероинот. Околу 30 илјади Руси годишно умираат од дрога која е прошверцувана во Русија од Авганистан.
XS
SM
MD
LG