Достапни линкови

Пратениците сe за отворени кандидатски листи


Пратеници во собраниската сала

Пратеници во собраниската сала

Според анкетата спроведена од Националниот Институт за Демократија и Интернационалниот Републикански Институт, повеќе од 40 отсто од пратениците во Собранието се за отворени кандидатски листи на парламентарните избори.

Повеќе од 40 проценти од пратениците во Собранието се за отворени кандидатски листи на парламентарните избори, покажуваат резултатите од анкетата на Националниот Институт за Демократија и Интернационалниот Републикански Институт. Со преминот од затворени кон отворени кандидатски листи ќе се зголеми демократијата во земјата и ќе биде овозможено поголемо влијание на гласачите врз конечниот избор на пратениците, велат експертите. Во анкетата земале учество 106 пратеници од 120. Од нив околу 13 проценти делумно се согласиле за отворени листи. Околу 43 проценти делумно и целосно не се согласуваат со вакви промени на избирачкиот модел. Македонија е
И не само што е зрела туку и покажува дека луѓето сакаат да бидат дел од една ваква дебата. Има и политичка волја да се разговара на ова тема, но ќе видиме дали во иднина ќе има волја за промени.
зрела да дебатира за ова прашање, вели претседателот на Институтот за Демократија Крис Хеншоу.

,,Нема никаков сомнеж. Македонија е подготвена да дебатира за прашања поврзани со изборното законодавство што е сосема нормално за сите демократски земји во 21 век. И не само што е зрела туку и покажува дека луѓето сакаат да бидат дел од една ваква дебата. Има и политичка волја да се разговара на ова тема, но ќе видиме дали во иднина ќе има волја за промени.“

На отворените кандидатски листи граѓаните наместо за некоја политичка партија би можеле да гласаат за било кој кандидат од листата, со тоа тие во иднина ќе можат од пратеникот да бараат одговорност за неговите постапки, вели Дарко Алексов од невладината организација МОСТ.

,,Во исто време ќе предизвикаат кај избраните народни претставници, една ситуација во која што ќе мора да бидат отворени кон
Избраните народни претставници, ќе мора да бидат отворени кон вистинските проблеми на граѓаните.
вистинските проблеми на граѓаните, односно гласачите, а во исто време ќе чувствуваат одговорност да ги застапуваат и претставуваат нивните интереси во законодавниот дом.“

ВМРО ДПМНЕ и ДПА се за мнозински модел преку кој оној што ќе добие најмногу гласови на изборите станува пратеник. СДСМ и ДУИ ја поддржуваат отворената листа, но опозицијата смета дека е сеуште рано да се воведе. Доколку Собранието добие ваков предлог за промена на изборниот модел, односно за отворени кандидатски листи, речиси 40 проценти од анкетираните пратеници се изјаснија дека целосно би се согласиле.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG