Достапни линкови

Рен: ЕУ не сака ММФ да се меша во европските економските проблеми


Еврокомесарот за финасии Оли Рен денеска изјави дека Европската Комисија повеќе сака помошта за Грција да доаѓа од Европската Унија одколку од Меѓународниот монетарен фонд. Тој додаде дека европската помош може да дојде под строги услови. Германија претходно предложи помош за проблематичните земји од Европската Унија да доаѓа од ММФ. Рен истакна дека во текот на неделава треба да се донесе одлука со која Евопската унија ќе покаже дека може да се справи со проблемите во еврозоната
XS
SM
MD
LG