Достапни линкови

Рикер: Утрешната средба на Груeвски со Папандреу е можност за напредок


Американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер денеска во Струмица изјави дека утрешната средба на премиерите Никола Груевски и Јоргос Паппндреу е одлична можност да постигнат напредок околу прашањата за спорот со името. Рикер додаде дека сега е вистински момент со посредство на Обединетите Нации да се изнајде решениe за овој проблем. Тој истакна дека во овој критичeн момент тоа е од големо значење за економскиот раст и напредокот на Македонија.
XS
SM
MD
LG