Достапни линкови

САД го обвинија „Дајмлер“ за корупција


Американските правосудни органи го обвинија германскиот производител на автомобили Дајмлер за прекршување на анти-корупциските закони . Во обвинението се наведува дека Дајмлер од 1998-ма до 2008-ма година подмитувал владини претставници во 22 држави, меѓу кои и во Србија, Хрватска и Црна Гора, за да склучи трговски договори. Од компанијата Дајмлер нема коментар. Претходно, интерната истрага во Дајмлер покажа дека имало неосновани исплати, пред се во Источна Европа, во Азија и во Африка.
XS
SM
MD
LG