Достапни линкови

logo-print

Раздружување на БиХ?


Претседателот на РС Милорад Додик

Претседателот на РС Милорад Додик

Вистинска намера или евтина политичка кампања – повикот на Претседателот на Република Српска Милорад Додик за разговори за раздружување во Босна и Херцеговина ги возбуди Босанците. Оваа изјава за многумина потсеќа на војната од 90-тите години која Босанците не ја заборавија и по 15 години.

Претседателот на босанскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик изјави:

„Да го почитуваме Дејтонскиот договор, но да дискутираме за се`. Како што разговараме за Бутмир и оној неприфатлив пакет уставни измени, мислиме дека е време за дискусија за тоа како мирно да се обидеме да се раздружиме.“

Оваа изјава на премиерот на Република Српска Милорад Додик, дадена пред два дена, повторно ги подигна тензиите во Босна и Херцеговина, бидејки како што јавува нашиот дописник Џенана Халимовиќ, приказната за делба потсетува на деведесетите години на дваесеттиот век. Изјавата не е добра, па макар и да станува збор за ефтина предизборна реторика, оценуваат и лидерите на повеќето политички партии во БиХ. Таквите изјави, според членот на Босанското Претседателство Харис Силајџиќ, треба да се сосечат во корен, бидејки како што вели, Босна не се подели ни со топови па нема ни со микрофони.



„Тоа е само реторика, тоа се само изјави кои не можат да имаат никакви ефекти. Ако не можеше со топови, нема да може ни со микрофони. А на оној на кому не му е добро во БиХ може да си оди, ама не може ништо од Босна да земе. Тоа треба да биде јасно. Граѓаните на БиХ на референдум рекоа што сакаат. Меѓународната заедница тоа го прифати и работата е завршена.“

Нико Лозанчиќ од Хрватската Демократска Заедница пак изјави:

„Мислам дека изјавите од ваков тип не се добри, па дури ни за оној што ги дава.“

Од Канцеларијата на Високиот Преставник на Меѓународната заедница сметаат дека станува збор за изјава на Милорад Додик со која се собираат политички поени. Тие му порачуваат да се грижи за вистинските проблеми на граѓаните, за сиромаштојата и отворање работни места а не да го загрозува мирот и стабилноста за кои тврди дека сака да ги одржи. Сеењето страв и недоверба и по 15 години, како што јавува Слободна Европа, ги тера граѓаните во БиХ да се вртат преку рамо и да гледаат назад.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG