Достапни линкови

logo-print

Разговори Обама - Нетанјаху, нема информации за содржината


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата Куќа разговараше со американскиот претседател Барак Обама. Според официјални претставници, двјацата лидери одржале два состанока, но нема ниту соопштение за содржината на разговорите, ниту пак изјави за новинарите, па дури ни фотографии од средбата. Пред состанокот со Обама, Нетанјаху изјави дека обновувањето на мировните преговори со палестинците може да биде одложено за уште една година поради барањето на палестинците Израел да ја замрзне изградбата на населбите во источен Ерусалим.
XS
SM
MD
LG