Достапни линкови

Кацин бара Европската комисија да одреди датум за Исланд и Македонија


Европската комисија што поскоро да одреди датум за започнување преговори за членство на Исланд во ЕУ, а да се направи и обид за дефинирање на предусловите за почнување преговори и за зачленување на Македонија.Ова го бара словенечкиот европратеник Јелко Кацин во дописот што вчера го упати до високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон и до еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Членството на Македонија, кое би подразбирало и изнаоѓање компромис по прашањето за уставното име на државата, би имало позитивен ефект врз економската и политичката ситуација во земјите на Западен Балкан и пошироко, вклучувајќи ја и Грција, се наведува во соопштението од Канцеларијата на Кацин.
XS
SM
MD
LG