Достапни линкови

Прво реформи, па акционен план за членство на БиХ во НАТО


Босна и Херцеговина ќе добие акционен план за членство во НАТО кога ќе постигне напредок во спроведувањето на реформите, изјави вчера во Сараево генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен. Тоа подразбира внесување измени во Уставот на Босна според барањата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, решавање на прашањето за воениот имот, уништување на непотребното оружје и испраќање на единици во мисијата ИСАФ во Авганистан, истакна Расмусен по средбата со членовите на босанското Претседателство. НАТО е подготвен да и помогне на Босна на патот кон полноправно членство, но земјата треба да го изоди тој пат, додаде Расмусен.
XS
SM
MD
LG