Достапни линкови

Годишнина од бомбардирањето на СРЈ


Во Србија денеска се одбележува 11- годишнината од почетокот на бомбардирањето на тогашна Сојузна Република Југославија од страна на НАТО. Во Белград точно напладне ќе се огласат сирени кои ќе дадат знак за престанок на воздушна опасност. Бомбардирањето во 1999-та година траеше 78 дена и, според проценките од различни извори, притоа загинале меѓу 1200 и 1500 луѓе.
XS
SM
MD
LG