Достапни линкови

Средба Обама- Нетанјаху


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа во Вашингтон се сретна со американскиот претседател Барак Обама, во период на зголемени тензии меѓу двете земји, поради планот на Израел за изградба на еврејски живеалишта во Источен Ерусалим. По средбата, која според агенциите траела 90-на минути, не биле дадени изјави за медиумите. Претходно Нетанјаху рече дека продолжувањето на мировните разговори со Палестинците може да биде одложено за уште една година поради нивното барање за целосно замрзнување на израелските градежни работи во Источен Ерусалим.
XS
SM
MD
LG