Достапни линкови

Кина сериозно да ја разгледа одлуката на Гугл


Соединетите Американски Држави го повикаа Пекинг сериозно да го разгледа значењето на одлуката на најголемиот светски интернет пребарувач Гугл делумно да се повлече од Кина и да се пренасочи на Хонг Конг, поради ограничувањата што кинеската влада ги наметнува на Интернет. Стејт департментот синоќа соопшти дека американската администрација немала никаква улога во потегот на Гугл. Оттаму истакнуваат дека Пекинг треба сериозно да ги разгледа последиците, ако една од најпрепознатливите светски институции констатира дека е премногу тешко да се работи во Кина.
XS
SM
MD
LG