Достапни линкови

Ерменскиот претседател со понуда за размена на територии


Ерменскиот претседател Серж Саркисјан денеска изјави дека ерменските безбедносни сили може да вратат дел од азербејџанските територии кои ги држат под нивна закрила по војната меѓу двете земји, во замена за безбедност и самоопределување на регионот Нагорно Карабах. Тој додаде дека ерменската страна може да размислува да ги врати регионите околу Карабах, за да се овозможи поврзување на Нагорно Карабах со Ерменија. Во воениот конфликт меѓу Ерменците и Азербејџанците во раните 90-ти години од минатиот век загинаа над 30 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG