Достапни линкови

ОБСЕ:Политичката криза се уште постои во Албанија


Шефот на Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Албанија, Роберт Бош изјави дека е разочаран од собраниската седница, на која се очекуваше надминување на политичката криза во зeмјата.Тој додаде дека двете страни треба да постигнат компромис а не да се обвинуваат постојано едни со други.Бош истакна дека политичка криза во Албанија се уште постои,затоа што Комисијата за истрага на изборите требало да ја изберат пратениците од двата табора, а не само од парламентарното мнозинство, бидејќи на тој начин таа станува безполезна.
XS
SM
MD
LG