Достапни линкови

Бакиев: Западната демократија не одговара за Киргистан


Киргистанскиот претседател Курманбек Бакиев изјави денеска дека е време да се разгледа западниот стил на демократија што се применува во Киргистан, стравувајќи од намалување на политичката слобода.Тој истакна дека демократија базирана на избори и индивидуални човекови права можеби повеќе не одговара за Киргистан туку дека подобра варијанта е „консулативна демократија“ која е во согласност со традицијата. Киргистанската опозиција тврди дека актуелниот претседател спроведува диктаторски режим. Изјавата на Бакиев следува по денешните судири на опозицијата со полицијата, при што биле приведени над 90 активисти.

XS
SM
MD
LG