Достапни линкови

Кина најави разговори со САД и покрај спорот со Гугл


Кина денеска соопшти дека нејзините односи со Соединетите Држави нема да бидат нарушени поради одлуката на американската интернет странца Гугл за прекинување на цензурата за Кина и за пренасочување на прометот на својата кинеска страница во Хонгконг. Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека за ова, меѓу другото, ќе се разговарало на американско кинеските средби на високо ниво најавени за мај годинава. Министерството оцени дека спорот со Гугл претставува трговски случај. Претходно, Стејт департментот изрази разочараност поради тоа што кинеските власти и Гугл не успеале да постигнат договор и оти админситрацијата на претседателот Барак Обама останува посветена на интеренет без никакви цензури.
XS
SM
MD
LG