Достапни линкови

Политичарите од албанскиот блок велат дека расте незадоволството меѓу Албанците. Неколку анкети спроведени во изминатиот период покааа дека тие не веруваат во работата на премиерот, загрижени се за меѓуетничките односи и не се чуствуваат како рамноправни граѓани.

Незадоволството на Алабанците расте, велат политичарите од албанскиот блок. Почнувајќи од проекти како екциколпедијата, па изучувањето на македонскиот јазик во прво одделение во албанските паралеки, се до проектот „Скопје 2014“, само дополнително ги нарушуваат и така кревките меѓуетничките односи.

Претеникот Сафет Незири од ДУИ, коалициониот партнер во Владата, вели дека промовирањето на тие проекти во еден краток временски период, предизвикал негативни чуства кај граѓаните.

„Тоа е фактички реалната слика во Репулбика Македонија околу овие работи. Ние разговараме со граѓаните, како што знаете дека промовирањето на енциклопедијата предизвика влошување на меѓуетничките односи, промовирањето на новите проекти во овој временски период наваму, мислам дека предизвика негативен набој кај граѓаните во Република Македонија, особено кај Албанците.“

Адријатик Имери од Нова Демократија вели дека и анкетите покажуваат дека Албанците не се задоволни од работата на владеачката гарнитура.

„Владата води погрешна политика, во насока на моноетнизирање на државата и Македонија сака да ја покаже не во својата реалност како мултиетничка, туку сака да ја покаже како моноетничка и монорелигиозна.“

Од Нова Демократија велат дека проблемите треба да се решаваат во рамките на институциите, но ако работите одат кон полошо, тогаш партијата на Албанците која е на власт, треба да си ја понесе одговорноста.

„Јас сепак не верувам дека би можело да има конфликт или да се повтори 2001, но на друг начин Албанците можат многу лесно да ја изгубат довербата во институциите и да не ги почитуваат институциите на државата.“

Од ДУИ, пак, велат дека со јавни дебати можат да се надминат „ситуациите “ кои ги раздвојуваат граѓаните.

„Да се искаже мислењето и да се промовираат факти и аргументи од една и од друга страна, за надминување на ситуацијата и покажување позитивна енергија пред нашите граѓани.“

Политичарите како едни од причините за незадоволство кај Албанците, го наведуваат и тоа што земјата стагнира на патот кон приклучување во Европската Унија и НАТО. Неколку анкети спроведени во изминатиот период покааа дека Албанците не веруваат во работата на премиерот, загрижени се за меѓуетничките односи и не се чуствуваат како рамноправни граѓани.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG