Достапни линкови

Киргистан - Судири меѓу опозицијата и полицијата


Во Киргистан денеска активисти на опозицијата се судриле со полицијата во главниот град Бишкек и во градот Ош каде што имало протести против претседателот Курманбек Алиев. Агенциите јавуваат дека полицијата во Бишкек уапсила 30 активисти кои се обиделе да минат низ кордон полицајци, а во Ош биле приведени 60 луѓе кои демонстрирале во поддршка на опозицскиот политичар Исмаил Исаков. Претседателот Бакиев е под притисок на опозијата поради неговото, како што се оценува, авторитарно владеење.
XS
SM
MD
LG