Достапни линкови

Република Северна Македонија прифатливо за Грција


Република Северна Македонија е име што ги задоволува грчките барања, изјавил заменик шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас во интервју за телевизијата Скај. Како што пренесува агенцијата МИА тој рекол дека добро била позната грчката позиција за име со географска одредница и оти според таа логика секој можело да заклучи дека тоа било во рамките на размислувањата на грчката страна. Според него, директните контакти меѓу двете страни како што е претстојната средба на премиерите Папандреу и Груевски можат да го помогнат процесот што се води под покровителство на Обединетите нации. ,,Очекуваме политичкото раководство на ПЈРМ да го смени својот пристап, да настапи конструктивно на преговарачката маса во ОН и ако постои политичка волја проблемот наскоро може да се реши,, вели Друцас. Запрашан дали Вашингтон врши притисок врз Атина со цел Скопје што побрзо да влезе во НАТО, тој не одговорил директно, но посочил дека постои желба кај дел од земјите меѓу кои и САД да ја видат Македонија во Алијансата и да се забрза тој процес. Друцас повтори дека услов за тоа, како и за почетокот на преговорите со ЕУ, е претходно решавање на прашањето за името.
XS
SM
MD
LG