Достапни линкови

Грчките државни службеници на нови протести


Федерацијата на државните службеници во Грција за денеска свика нов протест против мерките на владата за строго штедење. За попладне е најавен и тричасовен прекин на железничкиот сообраќај. Во меѓувреме, во Грција е објавено дека грчки пратеници и европратеници ќе приложат два милиона евра на сметката за солидарност за намалување на државниот долг на земјата. Одлуката била донесена на минатонеделното заседание на лидерите на партиите претставени во парламентот.
XS
SM
MD
LG