Достапни линкови

Раст на БДП во четвртиот квартал лани


Стапката на раст на бруто домашниот производ во последниот квартал од 2009 година во Македонија изнесува 1,2 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголем пораст е забележан во секторите градежништво од 7,4 проценти и финансиското посредување. За истиот период увозот на стоки и услуги е забележано намалување во номинален износ од 13,6 проценти.
XS
SM
MD
LG